Вооружен грабеж во аптека во Ѓорче Петров

Маскирано лице, вооружено со пиштол ограбило аптека во населба Ѓорче Петров.

Како што соопшти МВР, настанот се случил во околу 19 часот во аптека на улицата „Ѓорче Петров“, кога непознат сторител со маска на главата, со закана со пиштол извршил разбојништво врз вработените, при што одзел пари од дневниот промет.

Извршен е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.