Во понеделникот вечерта околи 20 часот полициски службеници од СВР Велес ги успеила 29-годишниот И.Д. и 42-годишниот П.Б., и двајцата од Прилеп, бидејќи кај наплатна рампа на автопат А1 Скопје-Велес предизвикале инцидент со полицајци при што било употребено огнено оружје.
Имено, при обид за сопирање и контрола на патничко возило „ауди А3“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Д., П.Б кој бил негов сопатник вперил пиштол кон полициските службеници, а во обид да избегаат ја оштетиле наплатната рампа.
Полициските службеници испукале предупредувачки куршуми, а повредени лица нема.
Известен е Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.