Осака сензационален победник на УС Опен

Дваесетгодишната Јапонка, Наоми Осака е победник на УС Опен, откако со 2:0 во сетови, во контроверзен меч ја победи Амеериканката Серена Вилијамс и стана првата јапонска тенисерка која освоила Грен слем турнир. Осака, која е 19 тенисерка на светот, одлично го отвори мечот со брејк во третиот гем, а потоа и во петиот за водство од 4:1, па со прецизни сервиси, сигурни ритерни и ладнокрвни удари од основната линија лесно го освои сетот со 6:2.

Серена подобро започна во вториот сет и исто како Осака имаше водство од 2:1, но тогаш почнаа расправиите со главниот судија Карлос Рамос. Тој ја опомена Американката дека комуницира во кодови со својот тренер кој и кажува тактика, иако не смее да го прави тоа. Тренерот на Американката подоцна самиот призна дека во поголемиот дел од натпреварот и делел совети на Серена, па судијата очигледно не можел да ја толерира.

Немаме никакви кодови. Не треба да мамам за да победа. Подобро би загубила, велеше Серена кон судијата и продолжуваше да се распава, а тој и ја даде првата опомена.

 

Тоа беше доволно Серена да ги изгуби нервите и да почне да губи поени, па во петиот гем го скрши рекетот, а судијата Рамос и даде уште една опомена за насилно однесување. тоа значеше поен за Осака, а Серена продолжи да се расправа. На Јапонката и одговараше таквата ситуација, па го доби и третиот гејм по ред и поведе со 4:3, кога случувањата на теренот кулминираа.

Ти ми украде поен. Ти си крадец, му рече Серена на судијата кој и даде трета опомена која според тениските правила значеше гејм за Осака и водство од 5:3.

Атмосферата од теренот беше пренесена на трибините, навивачите свиреа кон судијата и кон Осака, но таа остана смирена па со 6:4 го заклучи вториот сет со што дојде до прва, историска грен слем титула за неа и за Јапонија.

При доделувањето на пехарите, свирежите продолжија од трибините.

Знам дека сте гневни, гневна бев и јас, но ајде ова да го направиме најдобро што можеме. Ајде да бидеме позитивни. Честитки Наоми. Нема веќе свирежи, рече Серена.

Кога Осака го зема микрофонот, свирежите се претворија во аплауз.

Знам дека сите навивавте за неа и жал ми е што заврши вака. Сакам само да ви се заблагодарам што го гледавте мечот. Отсекогаш сонував да играм со Серена финале на УС Опен, па среќна сум што го направив тоа, рече Осака.