![download](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/download-6.jpg?resize=299%2C168&ssl=1)
Во првиот меч од 21-то коло на шпанското фудбалско првенство, Осасуна во Памплона го победи Леванте со 2:0.
Сѐ до 81 минута немаше погодоци, а тогаш Рубен Гарсија од пенал ја доведе во водсто Осасуна. Само три минути подоцна Иниго Перез го удвои водството за домашните.
Осасуна со 28 бодови привремено е на десетто мести, а Леванте со 26 бодови е 13-ти. Водечката Барселона и второпласираниот Реал Мадрид имаат по 43 бода, додека ги следат Атлетико Мадрид и Севилја со по 35 бодови.
Четири од преостанатите девет натпревари од колото се играат во сабота, а се среќаваат: Еспањол- Атлетик Билбао, Валенсија – Барселона, Алавес – Вилјареал и Севилја – Гранада.