Оштетен далноводот во Чернобил

Руските сили го оштетија високонапонскиот далновод што ја снабдува со електрична енергија украинската нуклеарна централа во Чернобил, набргу откако беше обновено снабдувањето со струја во тој објект, соопшти денеска украинскиот оператор на електроенергетската мрежа „Укренерго“.

Меѓутоа, не е соопштено дали штетата предизвикала целосно губење на надворешниот извор на напојување, додавајќи дека операторот побарал пристап до објектот поради поправка.

Компанијата „Укренерго“ не достави никакви докази за наводна штета или дејствија на руските сили, а западните медиуми наведуваат дека не се во можност незавосно да ги проверат таквите извештаи.