Шест возила биле оштетени за време на прославата во центарот на Куманово по повод Денот на албанското знаме, а едно лице е приведено. Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, собирот бил ненајавен и се одржал в период од 18:00 до 22:00 часот.
Едно лице било приведено. Притоа, полициски службеници го привеле Б.Џ.(20) од село Липково поради непочитување на наредба и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, информираат од кумановската полиција.
Исто така, додаваат од СВР Куманово, за време на собирот биле оштетени шест патнички моторни возила, а констатирани биле 20 мерки по Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и една мерка од Закон за возачка дозвола.
– По целосно расчистување и документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, стои во соопштението.
Сепак, вчерашниот собир предизвика меѓуетничка нетолеранција откако беше сквернавено македонското знаме.
Очигледно повеќе инциденти се регистрирани преку социјални мрежи, отколу во полициските билтени.