Ослабениот ЖРК Вардар поуспешен од Будуќност

Ракометарките на Вардар и во вториот натпревар на турнирот од регионалната лига што се одржува во Љубљана успеа да забележи победа, откако македонскиот шампион во саботата попладнето ја совлада Будуќност со 21:20 (9:9) и ја продолжи триумфалната серија во досегашниот тек од сезоната.

Натпреварот беше рамноправен во текот на сите шеесет минути. Во завршницата Будуќност имаше водство од 18:15, но сепак на крајот „црвено црните” успеаа да стигнат до триумф иако во составот недостасуваа Драган Цвијиќ, Андреа Лекиќ и Андреа Пенезиќ.

Најефикасна во нашиот состав со пет гола беше Татјана Хмирова, а пот четири пати прецизни беа Јованка Радичевиќ и Барбара Лазовиќ. Во поразениот тим прв стрелец со седум погодоци беше Јауковиќ.

Нашите ракометарки по овој натпревар се враќаат во Скопје каде ќе ги одржат завршните подготовки за продолжение на настапите во Лигата на шампионите и натпреварот со Ларвик што ќе се одигра на втори ноември во салата на СЦ Јане Сандански.