Во експлозии на два автомобили бомби во саботата загинаа најмалку седум лица, повеќето жени, во близина на сомалиската престолнина Могадишу, соопшти полицијата, а исламистичката група ал-Шабаб ја презема одговорноста.
Автомобил со бомбаш самоубиец се забил во хотелот „Nasahablod Two“ на околу 600 метри од претседателската палата во Могадишу, а потоа вооружени милитанти влетале во зградата, соопшти полицијата. Неколку минути подоцна автомобил бомба експлодирал во близина на поранешната зграда на сомалискиот паралмент.
Полицискиот мајор Мохамед Хусеин изјави за Reuters дека се убиени седум лица, меѓу кои има и војници. Борбите сѐ уште се водат во хотелот и Хусеин додал дека бројот на загинатите веројатно ќе се зголеми.
Абдикадир Абдиирахман, директор на болницата „Амин“, изјавил за агенцијата дека медицинските служби изнеле тела на тројца загинати а згрижени биле уште 17 ранети од хотелот.
Исламистичката група ал-Шабаб, којашто е одговорна за стотиците вакви нападот во текот на долгата граѓанска војна во Сомалија, соопшти дека ги извела саботните напади, додавајќи дека нејзина цел биле министри и безбедносни функционери кои престојувале во хотелот.