Британскиот војник, соработник на руската телевизија РТ, Грејам Филипс, е ослободен по 36 часа поминати во рацете на украинската државна безбедност, јавува РТ.
„Целата моја работа е во ред, нема обвинувања против мене, нема мерки за протерување и никој не крена рака на мене. Украинските власти кон мене добро се однесуваа“, напишал новинарот на својот Твитер.
Тој сликал некој контролен пункт кај Маријупољ, на североистокот од Украина, кога го привеле украинските војници а потоа го предале на државната безбедност.
„Кога видеа дека работам за РТ, ситуацијата се влоши. Ми ги земаа работите и многу детално ме претресуваа“, рекол Филипс. Тој потоа со полициски автомобил е пренесен до една касарна на украинската војска на истокот на земјата, а на крајот е предаден на британскиот конзулат во Киев.
Украинските власти држат во притвор од минатиот викенд двајца руски новинари, кои работат за рускиот интернет сајт „Лајф њуз“