Ослободени сите заложници на 17-годишник крај француски Тулуз, со грабнувачот се преговара

Сите лица кои во заложништво ги зема претходно во вторникот седуманесетгодишник во општината Блањак, во близина на францускиот град Тулуз, се ослободени, пренесува порталот France Info.

Трите преостанати заложници се ослободни, пишува порталот. Претходно медиумите објавија дека полицијата ослободила една од заложничките, ќерка на сопственикот на продавницата за тутунски производи, а оти во заложништво останале уште три жени.

Според медиумите, осомничениот имал само 1ВО РЕД7 години. Според обвинителот на Тулуз, Доминик Алзеари, тој и претходно бил повеќепати под надзор на полицијата, откако бил приведен за кражба и за насилство, како и за учество во протестите на движењето Жолти елеци.

„Станува збор за тинејџер, кој нема ниту 18 години, кој е познат по негативни пројави во врска со акти на насилство, вклучително и во однос на полициски службеници, во врска со случаи на кражба, како и по учество во манифестациите на движењето Жолти елеци, кога повеќепати бил приведуван за учество во групи кои извршиле насилство и уништување, и секогаш потоа следела кривична истрага“, рекол обвинителот Алзеари за телевизијата BFM. Додал дека тинејџерот сепак не бил регистриран на листата на опасни престапници.

Во домот на 17-годишниокот полицијата нашла белешка, којашто според префектот, ја пишувал во состојба на депресија и вознемиреност, вклучително и во врска со неговата здравствена состојба. Напишал дека се решил на ваква акција „за да им помогне на Жолтите елеци да ја добијат борбата против власта“ и „однапред се извинил“.

Алзеари потврдил дека младиот човек и во моментов е во објекот и оти продолжуваат преговорите на полицијата со него за условите да се предаде. Потврдил и дека сите четири заложнички сега се ослободени и оти се чувствуваат добро.

Како што прецизира BFMTV, осомниечниот досега не изнел никакви формални барања, а себеси се нарекол „челн на вооруженото крило“ на Жолтите елеци во Тулуз. Во текот на конфронтацијата тој двапати стрелал од пиштол за да ја присили полицијата околу продавницата да се повлече.

Според податоците на весникот Le Figaro, момчето влегло во продавницата со шлем на кој имал прицврстено камера. Подоцна медиумите објавија дека пристигнал на местото на настанот со мотоцикл. Според весникот La Dépêche du Midi, една од заложничките успеала да се јави на службата за итни ситуации на почетокот од драмата, но нејзиниот повик не бил сфатен сериозно. Потоа тинејџерот самиот четири пати се јавувал во истата служба, барајќи да му испратат преговарач за кризни ситуации со заложници.

Во моментов околу продавницата е воспоставен кордон во радиос од 300 до 500 метри, а на местото на настанот пристигнале припадниците на специјалните полициски сили RAID и BRI.