Бујар Османи смета дека не треба да се наседнува на провокациите кои доаѓаат од Бугарија, прашан за изјава на бугарскиот претседател Румен Радев кој најави дека нема да дозволи легитимација на македонизмот во Европа, Османи рече дека од соседите има намера да и се наметне на Македонија да биде кај нас.
„Јас мислам дека реков и во друга прилика, има чинители во Бугарија, не можам да го апострофирам претседателот Радев, не само што сакаат блокадата да продолжи, туку и вината пред светот да биде наша. Затоа има обиди за провокација и блокада. За да наседнеме и направиме грешки во последните недели од процесот. Ако не само ние, да бидеме изедначени како виновници, заедно. Досега С. Македонија нема од никого забелешки за овој процес. Мислам дека овие недели и денови е важно да не наседнеме на провокациите кои се со цел да бидеме виновни и блокирани“, додаде Османи.
Промени во статусот за бугарска поддршка со цел Македонија да ги почне преговорите, засега нема. Османи додава: „Мислам дека и тие знаат дека тој процес не може да се врзе директно односно да се поврзе со уставни измени. Мислам дека има компромиси да се заврши тоа пред нашето членство. Мислам дека е добро решение, дека се свесни за тоа“
„Се уште останува на констатацијата дека топката е кај Бугарија и дека таму треба да се консолидираат ставовите за тоа што понатаму. Ние кажавме што имавме и го формализираме во различни документи. Ние не работиме на нешто ново од тоа што досега го разговараме. Очекуваме Бугарија да има консолидиран став од Владата. За жал комуникација има, но конкретни разговори, се додека не го чуеме консодилираниот став на Бугарија – нема“, додаде Османи.