Османи: Македонија и Бугарија продолжуваат со дијалогот за заеднички пат на интеграција

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил објави фотографии од вториот ден од средбите со бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска.

„Заедно со министерката Генчовска и експерските тимови на министерствата на Северна Македонија и Бугарија, денес продолжуваме со активностите и дијалогот за поплочување на заедничкиот пат на интеграцијата“, напиша Османи.

Бугарската делегација предводена од министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, денеска ја продолжува работната посета на СевернаМакедонија, а во тек е и нов состанок со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, информираа од Министерството за надворешни работи.

Осуди за палењето на Културниот Центар во Битола, стигнаа и од македонска и од бугарска страна, а заеднички се нагласи дека станува збор за вандалски чин и се порача побрзо да се откријат сторителите.

Османи и Генчовска заеднички остро го осудија инцидентот во Битола и најавија дека двете министерства ќе продолжат да наоѓаат заемно прифатливи решенија и да ги унапредуваат билатерталните односи помеѓу двете земји.