![bujar osmani 04](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/11/bujar-osmani-04.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
„Нов договор со Бугарија не ни треба. Има начини како да ја вратиме довербата во овој договор, и тоа е начинот за наоѓање на решение за спорот“, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција.
Османи рече дека Бугарија не го спори правото на јазикот и на идентетото, туку има отворени прашања околу историјата.
„Право на суверените држави е право да кажат на кој јазик зборуваат и да се определат за идентитетот. Тоа право Бугарија не го спори. Има различни ставови околу историски прашања“, рече Османи.
Османи рече дека се очекува да се најде решение, а како пример ја посочи француската пречка.
„Франција не рече преговорите да не продолжат. Напротив, тогаш преговорите продолжија и мислам дека треба да го следиме тој пристап и сега“, изјави Османи.
Османи рече дека ако добиеме вето во декември, тогаш нема план „Б“ туку ќе мора да се продолжи по истиот пат.