Османи призна: Направивме грешка, непотизмот е девијантна состојба

Во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“  вицепремиерот Бујар Османи  во врска со непотизмот рече дека  прашањето за непотизмот е девијантна состојба.

Тој посочи дека Антикорупциската Комисија треба да ги истражи случаите поединечно  и ако тие констатираат дека имало злоупотреба на службена должност за избегнување на конкурентност и фаворизирање на помалку компететни на сметка на повеќе компететни заради некои роднински врски или некои други врски тогаш ќе се превземат мерки за такви случаи.

Така да овој дел признавам дека има грешки, има девијации, потенцираше вицепремиерот Османи.

Османи додаде дека Антикорупциската Комисија поединечно треба да ги преработи  случаи и онаму каде што тие ќе кажат дека има класичен непотизам, тогаш никој нема да бега од одговорност да се повлече од позицијата.