Османи: Уставните измени се најлесното прашање

Уставните измени се најмал проблем, вели македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи.

Османи рече дека видел анкета според која многу граѓани на земјава мислат дека преговорите со ЕУ не се почнати, за што ја обвини пропагандата на опозицијата.

„Оваа пропаганда што се прави врз процесот убедило многу луѓе дека преговорите не се почнати. Тие се почнати со најважниот свој дел – скринингот и продолжуваат во текот на целата година. И Албанија треба да исполни многу услови. Уставните измени се најлесното прашање што треба да гo решиме во преговарачкиот процес. Има толку тешки реформи и компромиси во самиот процес на европеизирање, така да целиот процес на членство во ЕУ е исполнување на критериуми. Хрватска требаше два-три пати да го смени Уставот за да стане членка“, рече Османи во емисијата „Топ тема“.

Вели дека треба да се обезбеди консензус дека измените не се штетни и верува дека ќе има компромис.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во „Што не е јасно“, кажа дека уставни измени нема да има бидејќи нема мнозинство.