![osmani vjosa](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/09/osmani-vjosa.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Косовската претседателка Вјоса Османи го обвини српскиот претседател Александар Вучиќ дека со неговите наводни последни закани за интервенција во поранешната српска јужна покраина Косвоо и Метохија, „не се разликува од неговиот претходник“, обвинетиот од меѓународниот суд во Хаг за воени злосторства во поранешна Југославија, Слободан Милошевиќ.
Вучиќ на завчерашното одбележување на 20-годишнината од погромот на Албанците врз Србите во јужниот дел од регионот кој во 2008 година еднострано прогласи независност, во кои беа убиени 16 Срби, стотици беа повредени и уништени и оштетени голем број куќи и православни верски објекти, ѝ порача на Европската унија дека Србија го чека „најдобриот можен момент“ за да се бори за својата кауза.
„Не е проблем, сакате да бидете со нив (со Приштина), нема да нѐ имате, сакате да бидете со нив и да им помогнете, ќе преживееме, но ние сме доста умни и доста храбри и научивме доста многу и добивме многу искуство по сето она што ни го направивте во последните 25 години, за да го чекаме најдобриот можен момент и да се избориме за нашата кауза“, рече Вучиќ по средбата со децата од српското малцинство од севертот на покраината.
Косовската претседателка Османи за приштинскиот портал Telegrafi изјави дека ваквите изјави „покажуваат дека актуелниот српски претседател продолжува да се води од менталитетот на Милошевиќ“, имајќи цел „да зазема територии, без воопшто да се грижи за човековите права и слободи“.
„Тој открива еден многу важен факт, дека тој е продолжение на менталитетот на Милошевиќ, кој бара територии и никогаш не се грижи за човековите правата и слободи“, рече Османи.
Во март 2004 година, пет години по завршувањето на косовско-српскиот конфликт со бомбардирањето на НАТО врз тогашна СР Југославија, во реката Ибар во близина на Митровица се удавија три албански деца, за што организацијата на ветераните на Ослободителната војска на Косово лажно и без никакви докази ги обвини Србите од северниот дел на поделениот град. Уследија масовни органзиирани протести на Албанците во кои имаше десетици загинати од обете страни и голем број оштетени и уништени куќи и православни верски објекти. А десетици илјади Срби беа принудени да ги напшуштат своите домови од другите региони на покраината.