Осмиот меѓународен високообразовен одбранбено-безбедносен проект „Летен Кампус 2017“, ќе биде отворен денес во Центарот за обука „Пепелиште“ кај Неготино.
На осмиот летен кампус организиран од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, како што информираат од Министерството за одбрана, се најавени 116 учесници од 12 држави: Македонија, САД, Германија, Норвешка, Чешка, Полска, Романија, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.
Фокусот на „Летен кампус 2017“ е на академската елаборација на различни теми, со цел воспоставување мрежа на идните офицери и нивна подготовка за развиена интероперабилност и соработка.