Осомничен е скопјанецот Љ.П. со прекар П за убиството Вања – извор на Телма посочува на познат лик

Во околината на Скопје вечерва беше пронајдено безживотното тело на 14-годишната Вања Ѓорчевска, а кај Велес телото на 74-годишниот исчезнат велешанец Панче Жежовски.

Осомничен за двете убиство, според извори на Телма блиски до истрагата е скопјанецот Љ. П. со прекар П.

Во извршување на грозоморното дело му помогнале возачот и уште три други лица.

Убиствата се со ист мотив, користољубие.

Канал 5 посочува дека осомничениот Љ.П. со прекар П, градежен претприемач од Скопје, неодамна беше во притвор во Хрватска.

Порталот Скопје 1 изнесува детали за политичката активност на осомничениот Љ.П. со прекар П.

Порталот Вечер го именува осомничениот Љ. П. со прекар П. и повикувајќи се на извори од истрагата тврди дека тој е нарачател на убиството. Вечер посочува и конкретни имиња на две други лица В.К. од Скопје и В.М. од Велес при што тврди дека лицето В.М. го признал делото и деталите од извршувањето, како и дека осомничениот Љ.П. наводно избегал во Турција.