Осомничениот за масовното убиство во Монтереј Парк си го одзема животот

Мажот кој е осомничен дека во саботата доцна ноќта уби десет луѓе и рани уште најмалку толку, во клуб за танцување во местото Монтереј Парк, во предградие на Лос Анџелес, извршил самоубиство.

Шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Лина, објави ноќта кон понеделникот по средноевропско време, дека убиецот е идентификуван како 72-годишниот Ху Чан Треан, но дека сѐ уште не е познат неговиот мотив за масакрот извршен на прославата на почетокот од Кинеската лунарна нова година.

„Сакаме да знаеме како се случи нешто толку грозно“, изјави шерифот додавајќи дека осомничениот убиец си го одземал животот во неделата во градот Торенс, место 30-ина километри оддалечено од местото на злосторството, откако полицијата го идентификувала.

Откако ги убил десетте луѓе во Монтереј Парк, Тран со пиштолот упаднал на прославата на кинеската нова година и во Алхамбра, но таму обезбедувањето успеало да го спречи.

Монтереј Парк, град со 61.000 жители во долината Сан Габриел, има мнозинско азиско-американско население. Сместено на 11 километри источно од центарот на Лос Анџелес, населението на предградието го сочинуваат 65 азиско-американско, 27 отсто латино и 6 отсто бело население, според податоците од последниот попис. Еден од главните места на предградијата во долината Сан Габриел, Монтереј Парк е центар на бројни азиско-американски супермаркети и ресторани.