Осомничениот за убиство на полицaјците во Франција најден мртов

Мажот осомничен за убиството на тројцата полицајци во текот на интервенција поради семејно насилствот во средата е пронајден мртов.

Тројца припадници на жандармеријата беа убиени во префектурата Пуи-д-Дом во централна Франција во текот на интервенција поради семејно насилство, а еден е повредени, соопшти француското министерство за внатрешни работи.

Мажот осомниечн за убиството на полицајците е пронајден мртов, напиша на Twitter францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен без да наведува поединости.

Според градоначланикот на блиското гратче Сен-Жус, Франсоа Шотар, полицајците пристигнале поради пријава за семејно насилство во село во централна Франција, околу 180 километри западно од Лион.

Тројца полициски офицери ги убил а четвртиот го ранил, според сознанијата, 48-годишен маж, додека тие се обидувале да спасат жена. Убиените полицајци биле на возраст од 21, 37 и 45 години, објави во средата министерството за внатрешни работи.

Полицајците дошле до куќата по полниќ кон средата и врз нив бил отворен оган. Вооружениот маж прво убил еден полицаец и ранил друг, а потоа ја запалил куќата. Потоа пукал врз другите двајца полицајци и ги убил, наведе обвинителството во општината Клермон-Феран.

Според наводите, осомничениот во минатото го привлекувал вниманието на полицијата поради спор околу старателство над детето.

Според последните информации, жената која била жртва на семејно насилство и која побегнала на покровот од куќтата, е спасена. Ранетиот полицаец бил префрлен во болница и не е во животна опасност.

Министерот Дармамен им одаде признание на убиените полицајци. „Нацијата се поклонува пред нивната храброст и одаденост“, напипа на Twitter. Францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, на социјалната мрежа изрази солидарност со полицијата: „Тие се нашите херои“.