Останува вонредна состојба во пет општини во Србија

Штабот за вонредни состојби на Србија предложи вонредната состојба да остане на сила сеуште во пет општини и тоа Обреновац, Бања Башта, Кропња, Љубовиј и Мали Зворник. Во останатите населени места се укинува.

Мирослав Чучковиќ, претседателот на советот на општина Обреновац, рече дека овој град е далеку од нормализација.

Министерот за одбрана, Братислав Гашиќ, пак, изјави дека постои можност овие денови да биде укината вонредната состојба во Обреновац, но сепак да се посвети големо внимание на трите населени места кои беа најпогодени од поплавите.