
Бугарија упати протесна нота до Скопје во врска со вчерашните случувања ден по натпреварот Шкупи-Левски и тешката повреда на бугарскиот државјанин. Содржината не се открива, но се дознава дека официјална Софија го осудила институционалниот пристап кон бугарските граѓани и полициската бруталност.
Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека МНР ќе ѝ одговори на официјална Софија, додавајќи дека настаните од 27 јули се дело на хулигани и луѓе кои немаат никаква врска со спортот.
Првата казна што се очекува против тимот на Шкупи е забраната на навивачите „Шверцери“ да присуствуваат на реваншот меѓу Левски и Шкупи. За ова се чека конечната одлука на УЕФА. Натпреварот претходно беше оценет како натпревар со висок ризик, пордаи што УЕФА препорача неопходни мерки за одржување на редот.