Остварете му ја оваа фантазија и никогаш нема да ве заборави…

Игрите во спалната соба се вистинско место за тестирање на вашата фантазија. Ова се едни од најчестите фантазии на мажите.

Секс во тројка

Оваа идеја ќе ја разбесне секоја жена. Но, за среќа на жените таа многу ретко се остварува. Мажите повеќе би сакале да фантазираат за како би било да се има секс во тројка отколку навистина да пристапат кон тоа.

Секс со професионалка

Кога ќе се елиминираат сите опасности како сексуално преносливи болести и слично мажите веднаш би се согласиле на секс со професионалка која ќе може да ги задоволи сите потреби. Но, наместо да го пуштите вашиот партнер кај друга жена, преправете се во некоја друга личност која ќе биде подготвена да му даде неверојатно задоволство.

Недостижни жени

Многумина ги привлекува она што не можат да го имаат. За мажите тоа би било вашата другарка, колешка и слично. За жените тоа е шефот, колегата. Не се работи за вистинска привлечност туку едноставно за фантазија. Мажите ги привлекуваат доминантни жени на моќни позиции.

Стриптиз

Тоа може да го направи секоја жена. Мажите се воодушевуваат на женското тело. Не мора да оди во стриптиз бар за да биде задоволен. Мажот би сакал и својата партнерка да ја види како танцува со малку облека на себе и со многу секси потези.

Животински секс

Дивиот секс е возбудлив за сите. Искористете ја вашата сила и бидете малку диви во спалната соба. Вашите нокти и силни прегратки ќе го полудат, малку гризење за да му дадете целосно задоволство.

Средба со непозната

Променете ја својата коса, претставете се како друга личност. Гарантирано сексот со непозната жена ќе му биде многу возбудлив иако тоа сепак ќе бидете вие.

Секси полицајка

Жените често фантазираат за секс со мажи во униформа а истото ги возбудува и мажите. Запомнете: улогата на секси полицајка е да спроведува дисциплина и закон таму каде што е потребно.

Хероина од стрип

Сигурно постои личност која понекогаш фантазира за секс со омилената хероина од стрип. Секси облека може да предизвика бурна фантазија како жена мачка, Лара Крофт и слично.

Доминација

Само доколку многу добро го познавате партнерот можете да се впуштите во садомазо игра за која е потребно покорност и доминација.

Сцена од порно филм

Познато е дека мажите сакаат да гледаат порно филмови. Предложете да гледате заедно. Коментирајте, уживајте во тоа и откријте нешто што сте го виделе а сакате да го испробате.