Осудени на неуспех се обидите на Западот да ја распарчи Русија, порача Шојгу

Русија денес се соочува со сериозна опасност поради желбите на колективниот Запад да ја распарчи, порача во четвртокот рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу обраќајќи им се на припадниците на вооружените сили по повод Денот на бранителите на татковината, истакнувајќи дека на крајот на таквите обиди на крајот ќе бидат поразени.

Шојгу во обраќањето истакна дека вооружените сили особено во сегашниот момент служат како гаранција на националната безбедност и стабилниот развој на Русија.

„Нашите војници и офицери го бранат она за што се бореа нашите дедовци и татковци. За нив безбедноста и благосостојбата на татковината отсекогаш била највисоката смисла на животот. А за нас како нивни наследници, главната вредност е сигурната поддршка на независноста на Русија“, рече министерот за одбрана.

Шојгу ги истакна во обраќањето хероизмот и смелоста на војниците, како и моќта на руското вооружување…. и дека тие гаранти на сувереноста на земјата секогаш ќе бидат присутни во руското општество.

„Денес повторно ни се заканува сериозна опасност. Користејќи ја Украина, колективниот Запад се стреми да ја распарчи Русија, да ѝ ја одземе нејзината независност. Тие обиди се осудени на неуспех“, порача Шојгу.

Изрази благодарност и до оние кои сега се на боиштето и до они кои им даваат поддршка, истакнувајќи дека приоритет на за министерството е социјалната заштита на семејствата кои имаат свои членови на украинскиот фронт.