Осуденик од Скопје силувал малолетничка во Струга

Скопјанец баран за издржување затворска казна извршил полов напад врз малолетничка, вчера во Струга, информираше МВР.

Случајот во Полициската станица Струга  околу 20 часот го пријавил С.Ј (37) од Скопје.

Според него, истиот ден околу 15 часот во Струга, во куќата на Ф.Н. каде престојува заедно со семејството, С.Џ. (39) од Скопје извршил полови дејствија над неговата 15 годишна ќерка.

Од страна на полициски службеници С.Џ. бил пронајден и приведен во полициска станица, при што било констатирано дека се бара за издржување на казна затвор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.