Осуденик прободен во затворот Идризово

Во петоко попладнето околу 18 часот во СВР Скопје од КПУ Идризово било пријавено дека околу 17.45 часот затвореникот И.И. бил прободен со остар предмет од страна на друг затвореник И.К.

Повредениот бил пренесен во амбулантата при КПУ Идризово за укажување на лекарска помош, по што бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Се работи на расчистување на случајот.