Осум лица се повредени во саботата пред главната железничка станица во холандски Амстердам, кога во нив за залетал автомобил.
Полицијата го пребарала автомобилот и го уапсила возачот.
Инцидентот се одиграл во саботата вечерта. Полицајците му пришле на кој стоел на место каде што е забрането паркирањето. Возачот се обидел да побегне и соборил неколку пешаци, по што удрил во ѕид, пренесува порталот BNO News.
Две лица се хоспитализирани, но не е соопштено за тежината на нивните повреди. Другите петмина повредени добиле медицинска помош на самото место.
Други поединости за инцидентот не се соопштени. Не е познато засега дали полицијата ова го смета за напад или за инцидент.