Осум лица уапсени за дрога

Осум лица фатени со дрога биле уапсени во Скопје, Тетово и Гостивар во текот на вчерашниот ден, информира МВР.

Вчера во 13:10 часот на ул.Кеј Димитар Влахов, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Б.(39) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја и таблети. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Попладнето во 18:00 часот на ул.Иво Лола Рибар, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Ф.Н.(29) и Н.А.(56) и двајцата од Тетово, затоа што при извршен претрес во нивниот дом, била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Дваесет минути подоцна на ул.Герника, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истиот ден во 20:10 часот на ул.Благоја Паровиќ, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ж.П.(43) од Скопје, затоа што при извршен претрес во неговиот дом, кај него била пронајдена грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вечерта во 22:30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(22) од с.Кондово,скопско, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Пет минути по полноќ во село Здуње,гостиварско полициски службеници од Полициска станица Гостивар ги лишиле од слобода Г.М.(31) од с.Здуње и Х.С(26) од с.Речане,гостиварско, затоа што при извршен преглед кај истите била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.