Осум цивили аконаа, а 35 се ранети во регионот Нусајбин во турската провинција Мардина, како резултат од гранатирањето на курдските сили од теиротирјата на соседната Сирија, јавува во петокот агенцијата Anadolu.
Претходно од територијата на Сирија под минофрлачки оган беше пограничниот град Суруч во турската провинција Санлиурфа. Од минофрлачките гранати во станбени населби, загинаа двајца цивили, а уште двајца беа ранети.
Ден претходно во ракетен и минофрлачки напад врз населни во провинциите Санлиурфа и Мардин на југоистокот на Турција загинале седум цивили, од кои пет деца и малолетници, меѓу кои и деветмесечно бебе.