Осум мртви во експлозија во магацин за муниција во ЈАР

Најмалку осум луѓе смртно настрадаа во ексpлозија којашто се случила во магацин за муниција во Јужноафриканската Република, во градот Сомерсет Вест недалеку од Кејп Таун, а причината за несреќата и натаму е непозната, соопшти во понеделникот противпожарната и спасувачка служба.

Експлозијата се случила во магацинот за муниција „Rheinmetall Denel Munition“ (RDM), кое е заедничко вложување на германската компанинија „Rheinmetall Defence“ и јужноафриканскиот државен производител на муниција „Denel“.

„Можам да потврдам дека осум луѓе се мртви“, изјавил Тео Лајне, портпарол на противпожарната и спасувачка служба. Додал дека причината за експлозијата сé уште не е позната.

Полциискиот портпарол не бил достапен за коментар за агенцијата Reuters.

Од RDM во соопштение велат дека експлозијата се случила во една од зградите во комплексот, но оти не можат да потврдат дали има повредени или загинати. „Во моментов го истражуваме случајот“, додаваат.

Компанијата RDM произведува продукти поврани со муниција и експлозиви за вооружените и полициски сили во ЈАР, но и за продажба во странство. Германски „Rheinmetall“ има удел од 51 отсто, а јужноафрикански „Denel“ 49 отсто.