Осум ученици и класната позитивни – од утре 25 ученици од ОУ „Вера Циривири Трена“ во изолација

Осум ученици и класната се позитивни на коронавирус во основното училиште „Вера Циривири Трена“ во Карпош. Според епидемиолошката процена од утре сите 25 ученици од класот ќе следат онлајн настава, дознава „Република“.

Триесет проценти од учениците во одделението се позитивни. Нема простор да се размилсува кој ќе оди во изолација, а кој ќе следи физичка настава, вели нашиот извор.

Станува збор за одделение од повисоките класови, кои имаат контакт со повеќе професори.