Осум жртви на масакрот во училиштето, потврдија од МВР на Србија

Осум лица се убиени во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград кога 14-годишен ученик К.К. од училиштето, кој бил уапсен, пукал во нив во средата околу 8,40 часот, потврди Министерството за внатрешни работи на Србија.

Убиени се припадник на училишното обезбедување и уште седум ученици, а повеќе се повредени.

Полицијата нема потврда дека професорката по историја починала откако била ранета, како што претходно објавија медиумите.

Владата на Србија за попладнево закажа вонредна медиумска конференција на која ќе говорат министрите за образование и здравство и претставник на полицијата.