Комбе во кое имало 18 мигранти се преврте во петокот пред тунелот кај Катланово. Петмина од мигрантите се потешко повредени.
Дошло до излетување од патот на товарно моторно возило ‘ивеко’ во кое се превезувале мигранти. Досега 18 лица се упатени во Ургентен центар Скопје за лекарска помош. Увид се врши, соопшти МВР.