Осумгодишно дете заврши средно и се запишува на факултет

Осумгодишно дете од Белгија заврши средно училиште и наскоро ги започнуваа студиите на факултет.

Осумгодишниот Лоран Симон, за само 18 месеци го завршил шестгодишното школување и заедно со останатите  18- годишни тинејџери ја земал дипломата за завршено средно училиште.

Неговите родители тврдат дека коефициентот на интелигенција на малиот Лоран е 145, пренесува ББЦ.

Лоран за белгиското радио РТБФ изјави дека омилен предмет му е математика, поради тоа што во неа има статистика, геометрија, алгебра.

Два месеци по завршување на средното училиште Лоран тргнува на факултет.

Според таткото на Лоран , неговиот син  во раното детство  не се играл со останатите деца на негова возраст и не го интересирале играчки.

Лоран   вели дека претходно сакал да стане хирург или астронаут, но сега размислува да се занимава со компјутери.