Осумнаесет мртви во пад на воен авион во Дарфур

Осуманесет лица, меѓу кои четири деца, го загубија животите во четвртокот во пад на судански воена вион од типот „Ан-12“ во областа Дарфур.

Во несреќата во западен Судан, загинале седум членови на екипажот, тројца судии и осум цивили, пренес агенцијата SUNA, цитирајќи го портпаролот на суданската војска, Амер Мохамед Ахмед.

Авионот се урнал пет минути по полетувањето на пет километри од аеродромот во Ел Генеина, главниот град на сојузната држава Западен Дарфур, каде што деновиве се судрија припадници на арапско и африканско племе во кои имаше 50 мртви.

Суданскиот весник Sudan Tribune пишува дека министерот за правда Насрудин Абдел поради службени обврски се симнал од сега урнатиот авион само неколку минути пред полетувањето.

Во суданската сојузна држава Западен Дарфур од февруари 2003 година продолжува граѓанскиот конфликт. Во овој период, според различни извори, во насилствата загинале меѓу 300 и 500 илјади луше, а повеќе од 2,5 милиони морале да ги напуштат своите домови.