Освежителен сок или коктел од свежа лубеница

За време на жештините нема ништо поубаво од здрав и освежителен сок или коктел. Ви нудиме два рецепта за пијалоци од лубеница кои лесно се подготвуваат и ќе ве освежат во топлите летни денови.
Рецепт за сок од лубеница: 2 чаши исечени парчиња од лубеница, сок и кора од половина лимета, 20 листови босилек или 2 големи гранчиња, малку хималајска сол,
4 чаши вода
Подготовка:
Сите состојки наредете ги во слоеви во тегла, почнувајќи од лубеницата, а потоа наполнете ја со вода. Оставете да отстои во фрижидер 3 до 24 часа пред послужување. Откако ќе го измешате и процедите, овој фин напиток може да стои во фрижидер два дена.
Коктел од лубеница
Измешајте пенливо вино со сок од лубеница, малку лимета и свежи листови нане. Послужете ладно во чаши за мартини, украсени со бобинки кои сте ги набоделе на чепкалки.
Ако немате пенливо вино, додадете вотка или некој друг омилен алкохолен пијалок.