Отфрлен поднесокот на Антикорупциска против Христијан Мицкоски и неговиот син

Отфрлен бил поднесокот против премиерот Христијан Мицкоски и неговиот син, за патување во Вашингтон, САД, на денешната седница на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

Осумнаесетгодишниот Јован Мицскоски го придружуваше својот татко, премиерот Христијан Мицкоски, на официјалното патување во САД на Самитот на НАТО во Вашингтон, на кој се одбележаа 75 години од формирањето на Алијансата во јули, годинава.

На 15 јули Комисијата формираше предмет по допрен глас за патувањето на синот на премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон, на Самитот на НАТО.

На денешната седница предметот е отфрлен бидејќи е донесен заклучок дека патувањето било финансирано од лични средства.