Отфрлен случајот против Трамп во аферата со тајните владини документи

Во понеделникот, американски судија го отфрли случајот против поранешниот претседател Доналд Трамп поврзан со чување тајни владини документи.

Судијката Ејлин Кенон, која беше назначена во текот на претседателскиот мандат на Трамп, рече дека нејзината одлука се заснова на сомневања за законитоста на назначувањето на специјалниот истражител, од страна на актуелниот министеер за правосудство именуван од актуелниот претседатл Џо Бајден. Таа е федерален судија на Окружниот суд на САД за јужниот округ на Флорида, со седиште во Мајами.

Трамп минатата година беше обвинет за скандалот со документи, еден од неколкуте кривични случаи против него. Во овој случај тој е обвинет дека наводно незаконски чувал високо чувствителни податоци од времето кога бил претседател, од 2017 до 2021 година. Федералните истражители влегоа на имотот на Трамп на Флорида во август 2022 година и запленија документи класифицирани како строго доверливи.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп уште се изјасни дека не е виновиен по обвинувањата дека неовластено задржал доверливи документи кои се однесуваат на националната безбедност кога ја напуштил должноста во Белата куќа и дека лажел пред службениците кои сакале да ги преземат. Трамп ја обвини администрацијата на претседателот Џо Бајден дека врши политички прогон над него. На социјалните мрежи специјалнот советник Џејк Смит, кој за обвинителството ја води истрагата, го нарекуваше „Трампомрзец“.

Трамп е обвинет дека ризикувал државни тајни со тоа што со себе понел „илјадници доверливи документи“ кога во јануари ја напуштил Белата куќа и ги складирал на непрописен налин на својот имот во Мар-а-Лаго на Флорида и во својот голф-клуб во Њу Џерски, според обвинението кое е објавено минатата седмица.

Одбраната на Трамп вели дека тие документи биле со симната ознака на тајност, а дека тој како претседател имал достап до нив, за разлика од актуелниот претседател Џо Бајден на чии приватни имоти, исто така. се најдени доверливи документи од периодот кога беше потпретседател на претседателот Барак Обама.

На фотографиите приложени во обвинението кои беа објаувани во мејнстриммедиумит се гледаа кутии со документи кои се наредени на бина во сала, во бања и расфрлани на под во складиште. Во документите за кои е обвинет Трам наводно се информации за тајната американска нуклеарна програма и потенцијалните ранливи точки во случај на напад, пишува во обвинението од 37 точки. Во нив се наведува и дека Трамп ги лажел функционерите кои се обиделе да ги преземат документите. Во обвинението, исто така, се наведува дека Трамп наводно бил во договор да ги задржи доверливите документи и да ги сокрие од големата сојузна порота со работник кој Трамп наводно го ангажирал и во Белата куќа и во Мар-а-Лаго.

Од друга, страна, кон средината на февраури минатата 2023 година припадниците на FBI двапати спровеле потраги и претреси на Универзитетот на сојузната држава Делавер, во рамките на истрагата на доверливите документи кои ги чувал актуелниот претседател Џо Бајден. Претресите, како што извести тогаш CNN, биле спроведувани неколку седмици во согласност и соработка со адвокатите на Бајден и наводно во два случаи бил запленети поголем број материјали, кои не биле класифицирани како доверливи, но се проучуваат во Бирото.

Ланскиот февруари беше објавено дека американското Министерство за правосудство спровело претрес во куќата за одмор на претседателот Џо Бајден во Рехбор Бич во сојузната држава Делавер. Претходно приватните адвокати и советникот на претседателот Ричард Саубер кон средината на јануари потврдија дека уште пет документи со ознака за највисока тајност се пронајдени во гаражата и во куќата на претседателот Бајден во Вилмингтон во сојузната држава Делавер и тврдеа дека веднаш му биле предадени во Министерството за правосудство.

Претходно адвокатите признаа дека откриле уште два сета строго доверливи документи кои се најдени во резиденцијата на Бајден и во канцеларијата на Бајден во Центарот за дипломатија и глобален ангажман „Пен Бајден“ од периодот меѓу 2017 и 2020 година, кога повеќе не беше потпретседател во администрацијата на претседателот Барак Обама.

Овие откритија преставуваа голема непријатност за демократскиот претседател, бидејќи властите и Министерството за правосудство со месеци го истражуваат неговиот републикански претходник на должноста Доналд Трамп, откако доверливи документи беа најдени во неговиот посед на Флорида. Но обвинителството исудовите сменаат дека Бајен наводно не ги прекршил прописите.