Отфрлена кандидатурата на Алексовски за лидер на СДСМ

Партиската комисија на владеjачката СДСМ верификуваше во саботата три од четирите поднесени кандидатури за нов претседател на партијата. Условите да се најдат на стартната линија во трката за челник на социјалдемократите на внатрепартиските избори закажани за 12-ти декември, кога ќе можат да гласаат сите членови на партијата кои ќе се регистрираат за изборот.

Според комеисијата за верификацина на кандидатурите, условите ги исполнуваат Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Јован Деспотовски, додека не е прифатена пријавата на активистот од Куманово, Властимир Алексовски, со ообразложение дека не ги исполнувал пропишаните услови.

Заменикот министер за финансии Ковачевски беше првиот кој објави дека влегува во трката за нов лидер на социјалдемократите. Во јавноста се споменуваше дека токму тој е фаворитот на лидерот во оставка Зоран Заев и најсериозен претендент за прв човек на СДСМ, особено откако го придружуваше на преговорите со претставниците на Алтернатива.

Ковачевски за медиумите изјави дека неговата програма „Заедно, одговорно и посветено“ на 18 страници се темели на принципите на „социјалдемократската визија, растечка економија и одговорно управување“.

Со поденсена кандидатура социјалдемократите но целата домашна јавност ги изнеанди поранешната потпретседателка Фросина Ременски, кој две години не е дел од партиски структури по избивањето на корупцискиот судски случај со „Меѓународен сојуз“ поради што се најде како осомничена во судските клупи, за што сѐ уште нема судска разрешница. Програмата на Ременски ја нема на веб-страницата на СДСМ, а кампањата таа ја најави со изборен постер под мотото  „Кандидат број 1“.

Последен пред истекот на предвидениот рок за трката се пријави актуелниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски. Во програмата насловена како „Концепт 28“, Деспотовски го става фокусот врз луѓето, нивниот живот и потреби, како и воспоставувањето култура на взаемно почитување и прифаќање на позитивните вредности.