Дваесетина вработени од администрацијата на општина Карпош биле непријатно изненадени со отказните решенија кои ги добиле утринава од градоначалникот Стевче Јакимовски, пишува порталот „Центарњуз“.
Вработените за Центарњуз изјавиле дека тие не добиле образложение зошто им престанува работниот однос.
– Веднаш отидовме кај градоначалникот да ни образложи зошто ни престанува работниот однос. Кусо ни рекоа дека општината е во долгови и оти не може да не исплати – велат отпуштените.
Во општина Карпош добиле отказ и вработени кои учествувале во кампањата за изборите и биле едни од најверните борци на Јакимовски, а меѓу избрканите бил и фотографот задолжен за Јакимовски кој работел и на минатите избори.
Од скопската општина Карпош засега без официјална информација за отпуштањата.