Откриен ген кој го намалува ризикот од смрт од Covid-19

Истражување на научниците од Универзитетот Дуизбург-Есен (UDE) во западна Германија покажало дек одреден ген го намалува ризикот од смртен исход од Covid-19 за 35 отсто, чии резултат се објавени во стручното списание Frontiers in Genetics но со него не било следено однесувањето на новата варијанта „омикрон“ на коронавирусот.

Со студијата биле следени 1.570 пациенти кај кои коронавирусот бил дијагностициран во периодот меѓу 11-ти март 2020 и 30-ти јуни 2021 година, беше објавени претходно седмицава.

Околу 13 отсто или 205 од испитаниците во истражувањето имале само блага форма на болеста, 760 или 48 отсто биле хоспитализирани, а 292 или 19 отсто завршиле на одделите за интензивна нега. Починале петтина или 313 пациенти чиј развој на болеста го следело истражувањето.

Генот кој ка дел од пациентите ја намалил веројатноста од смртен исход е наречен GNB3 TT. Тоа е варијантата за којашто се проценува дека ја има околу 10 отсто од населението во Европа.

Се наведува дека GNB3 е ген кој ги декодира ткн G-протеини, важно за одвивањето низа процеси во организмот. Студијата покажала дека генот GNB3 „предизвикува активација на имуносните клетки“, вели Бирте Мехлендик, една од авторките на студијата.

„Оваа побрза имунолошка реакција може да објасни зошто ризикот од смрт во толкава мера е помал за групата луѓе коишто го носат овој ген“, појаснува Мехлендик.

Со истата студија е потврдена и претпоставката според којашто помладата животна возраст и изостанувањето на хроничните здравствени проблеми, како, на пример, дијабетесот, значително ги зголемуваат изгледите поединец да ја преживее заразата со Covid-19.