Откриен идентитетот на лицата кои провалија во севернокорејската амбасада во Мадрид

Таинствената група којашто сака да ги урнат од власт севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун се најде во центарот на вниманието на меѓународната јавноста откако шпанскиот суд кој ја истражува провалата во амбасадата на Северна Кореја во Мадрид во февруари ги именуваше членовите на оваа групација како осомничени.

Групата која се именува како „Cheollima Civil Defense“, познатата и како „Free Joseon“, првпат се појави во јавноста во 2017 година кога објави дека го штити семејството на полубратот на Ким Џонг-ун, Ким Џонг-нам, кој беше убиен претходно на аеродром во Малезија.

Шпанските власти објавија во вторникот судски документи во коишто најмалку десет лица се обвинуваат дека провалиле во севернокорејската амбасада, ги врзале и претепале некои од службениците и ги држеле како заложници со часови пред да побегнат со украдени компјутери и хард-дискови.

„Страните кои сакаат да ги ‘отстранат’ оние во Мадрид насликале ознаки на мети на грбовите на оние кои само сакаат да ги заштитат другите. Избраа да застанат ан страната на криминалните, тоталитарни владетели во Пјонгјанг, а не на нивните жртви“, објави на интернет споменатата организација индиректно првпат признавајќи го своите учество во акцијата во амбасадата. Организацијата притоа негираше дека во провалувањето во дипломатската мисија било користено оружје или насилство.

Од десетте осомничени, документите наведуваат имиња и датуми на раѓањето на седуммина, вклучително и државјани на Мексико, САД и Јужна Кореја, и сите освен еден се помлади од 30 години. Аналитичарите и активистите предупредуваат дека со тоа можеби им се загрозени животите.

Мексиканскиот државјанин Адријан Хонг, е долгогодишен активист кој учествувал во основањето на организацијата за помош на бегалците „Liberty in North Korea“ (LiNK, а подоцна ја водел организацијата којашто ја подготвувала „претстојната драматична промена“ во Северна Кореја, велат аналитичарите. Шпанските судски документи наведуваат дека Хонг имал водечка улога во провалата и дека откако побегнал во САД го контактирал тамошното Федерално биро за истраги (FBI) и му ги понудил украдените информации.
Групата „Cheolima Civil Defense“ го носи името на митскиот крилест коњ во чест на источноазиската митологија. Името „Free Joseon“, пак, се однесува на последната корејска династија и име коешто Северна Кореја и натаму често го користи за себе. Групата на својата интернет страница се декларира како „привремена влада“ на Северна Кореја и „единствен легитимен претставник на корејскиот народ од северот“. Веќе започнала да продава и визи коишто ќе важат по „ослободувањето“ на Северна Кореја, а кои може да бидат купени со крипто валути. Покрај тоа, на 11-ти март ја презема одговорноста за графитите на севернокорејската амбасада во Куала Лумпур.

Ова милитантна организација објави во вторникот дена ниедна влада не учествувала во провалувањето во амбасадата, ниту знаела за тоа пред да се случи. Призна дека „одредени информации од голема потенцијална вредност“ ги предала на FBI на негово барање, но и обвини дека изгледа оти договорите за доверливост се прекршени.

Стејт департментот во вторникот објави дека американската влада не учествувала во акцијата во Мадрид. Северна Кореја јавно не го коментираше инцидентот, ниту поднела пријава во шпанската полиција.