Во еден од автомобилите што ги користеле членови на владата на Велика Британија и високи дипломати е открие, уред кој испраќал информации за неговата локација, објави во саботата електронското издание inews повикувајќи се на разузнавачки извори кои веруваат дека кинеското разузнавање можеби стои зад вградувањето на таквите сензори во кинеската опрема за автомобили.
Повикувајќи се на неименуван припадник на британското контраразузнавање, изданието наведува дека поради зголемените стравувања на Лондон од странско шпионирање, автомобилите биле темелно проверувани и „расклопени на делови“. Како резултат на тоа, пронајдена е СИМ-картичка, која пренесува информации за своите координати.
„Тоа овозможува да се собираат информации за владата во текот на повеќе месеци и години, постојано следејќи ги движењата да се создава детална слика за тековните активности. Тоа може да се прави одложено и методично многу, многу долго време. Во тоа се состои ранливост“, го цитира изданието својот соговорник.
Други извор, кој претходно бил ангажиран во безбедносните служби на Обединетото Кралство, сугерира дека не само кинеските, туку и руските разузнавачки служби може да добиваат информации за движењата на британските министри.
Поранешниот челник, од 2001 до 2003 година, на владејачката Конзервативна партија; Ијан Данкза inews изјавил дека инцидентот ѝ дава на владата уште една причина да ја означи Кина како закана за Велика Британија.
„Дефинитивно дојдено е времето да се разгледа Сеопфатниот преглед (на безбедноста, одбраната и надворешната политика на Обединетото Кралство) и да се прогласи Кина за системска закана за земјата“, вели Данкан Смит алудирајќи на владиниот документ објавен во март 2021 година кој наскоро треба да биде ажуриран за да ја одрази променливата ситуација во светската геополитика.
Натаму во написот се наведува дека СИМ-картичките се инсталирани во различни компоненти на многуте од современите автомобили, со цел да пренесуваат информации до производителот на возилата. Притоа се поставува дека електронските блокови за автомобилите, исто така, може да содржат СИМ-картички и често се испорачуваат од Кина. Во текстот на inews се укажува дека таквите автомобилски компоненти не се отвораат пред да бидат вградени во автомобилите во фабричките погони, будејќи тоа би ги нарушило условите за гаранцијата и комерцијалните договори со добавувачите.
Се посочува, исто така, дека големи производители на луксузните автомобил како BMW, „Jaguar Land Rover“, „Volkswagen“ и „Volvo“ претходно случиле договори за соработка со кинеската компанија „Unicom“ за опремување на нивите возила со комуникациски уреди од петтата генерација. Притоа се нагласува дека во 2021 година „Unicom“ од страна на Вашингтон беше означена како закана за националната безбедност на САД.
Претставници на „Jaguar Land Rover“ изјавиле за изданието дека компанијата нема причина да се сомнева во безбедноста на своите автомобили, а од „Volkswagen“ на барањето за коментар одговориле дека приоритет им е прашањето за безбедноста на клиентите.