Откриена дрога што се шверцувала во крофни

Шверцер е уапсен во германската покраина Баварија откако станало јасно дека слаткиот фил во крофна го заменил со метамфетамини, јави ДПА.

При проверка на воз кој пристигнувал од Чешка во регионот Горна Франконија, граничарите пронашле метамфетамин во слаткиот производ во багажот на 33-годишен маж.

„Ова е прв случај од ваков вид во нашата област – никогаш порано не сме виделе крофни да се користат како скривалиште за шверцувана трговија“, рече портпаролот на полицијата.

Вниманието на граничарите било привлечено поради сомнителното однесување на приведените.