Откриени 33 мигранти кај Демир Капија

Полицијата уапсила двајца велешани осомничени дека криумчареле мигранти од Пакистан, инфорираше МВР.

Според полицијата, вчера во 3 часот во близина на Демир Капија полициски службеници забележале паркирано комби „рено мастер“  со скопски регистарски ознаки без возач. При контрола во делот за товар биле откриени 33 лица илегални мигранти од Пакистан.

Петнаесетина минути подоцна на околу 400 метри од возилото, на стариот пат Скопје- Гевгелија, полицајците забележале две лица за кои постои сомнение дека го управувале возилото. Тие биле приведени во Полициската станица Неготино.

Се работи за лицата Б.С.(36) и Г.Т.(36), двајцата од Велес.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.