Јужнокорејскиот технолошки гигант „Samsung“ се подготвува за новиот среднобуџетен паметен телефон „ Galaxy A72“, а карактеристиките на новиот уред кој ја минал сертификацијата во Индија, ги објави портпаролот Notebookcheck.
Уредот „ Galaxy A72“ ќе добие две верзии, со поддршка на новата генерација мобилни мрежи 5G и без неа.
За верзијата без 5G е познато дека ќе биде направена врз чипсетот Qualcomm Snapdragon 720G, а оперативната (RAM) меморија ќе биде зголемена за цели 8 GB. Смартфонот ќе добие 6,7-инчен AMOLED дисплеј со отвор под предната камера. Главниот систем на камерите ќе има четири сензори: 64, 12, 5 и 5 мегапиксели.
Верзијата со 5G, според порталот, ќе биде целосно идентична, но во неа ќе биде користена друга платформа.
Овој уред ќе го замени сега популарниот модел Galaxy A71. Премиерното претставување на новитетот ќе се одржи набрзо, но цената на уредот сѐ уште не е обелоденета.