Научниците од руската Федерална биомедицинска агенција (ФБМА) идентификувале нови генетски линии на коронавирусот SARS-CoV-2 кои може да ги променат неговите биолошки својства, сооштено е во саботата.
Од ФБМА, каде што од март 2020 година се спроведуваат молекуларно-генетски студии на циркулирањето на коронавирусот во Русија, предупредуваат дека станува збор за нова мутација којашто може да ја намали ефикасноста на терапевтските и профилактичките лекови, вклучително и на вакцините против Covid-19.
Појавата на новите генетски линии кои ги носат мутациите во геномот на вирусот, може да ги промени и неговите биолошки својства и клиничките манифестации на заразата, се додава во објавата.
Како што наведува заменикот на директорот на Центарот за стратешки планирања при ФБМА, Герман Шипулин, цитиран во соопштението на агенција, стручњаците развиле тест за идентификување на четирите најепидемиски значајни мутации на SARS-CoV-2: алфа (или британскиот сој – B.1.1.7), бета (јужноафриканскиот сој – B.1.351), гама (бразилскиот сој – P.1) и делта (индискиот сој – B.1.617.2). Се очекува овој тест да биде регистриран во текот на јули.
„Појавувањето на нови генетски линии на SARS-Cov-2, кои носат мутации во составот на варијабилните области на геномот на вирусот, во прв ред лоцирани во генот на S-протеинот (ткн „шилецот“ на коронавирусот преку кој продира во клетките на домаќини – з.р.) а особено во доменот на врзувањето за човечките рецептори, може да ги промени биолошките својства на вирусот и клиничките манифестации на заразите, како и да ја намали ефикасноста на лековите и препаратите за профилактика, вклучително и вакцините веќе развиени и тестирани на претходните варијанти на вирусот SARS-CoV-2“, се нагласува во соопштението.
Агенцијата додава дека на почетокот до 2021 година во Русија биле откриени нови лини на вирусот SARS-CoV-2, кои ги карактеризира зголемена способност за пренесување од човек на човек и промена на клиничката слика во инфекцискиот процес. Покрај тоа, биле опишани ефекти на „бегството“ на новите варијанти на вирусот од дејството на антителата произведени на коишто оздравеле од Covid-19 во 2020 година или биле вакцинирани се порано создадените вакцини против коронавирусот.
Освен тоа, во материјалот на ФMБA е наведено дека во третата седмица од јуни 2021 година индискиот сој од коронавирусот во Москва е идентификуван кај 87 отсто од новите зарази. Во третата седмица од јуни овој показател изнесувал 55,7 отсто, а на почетокот од месецот само 35 отсто.