Откриени сите детали за разводот на деценијата! Мелинда Гејтс од 130 лијарди долари добро ќе се офајди

Познатата двојка милијардери, Бил и Мелинда Гејтс, дефинитивно стави крај на својот брак во понеделникот, а медиумите ги открија сите детали за разводот во кој беа поделени неверојатни 130 милијарди долари богатство.

Бил и Мелинда Гејтс речиси три децении важеа за една од најстабилните двојки, а нивната работа во хуманитарната организација што го носи нивното име предизвика само восхит.

Меѓутоа, веста дека се разведуваат го шокираше светот пред три месеци, а потписот на документот кој значи дека тие дефинитивно се разделуваат го ставија во понеделникот на судот во сојузната држава Вашингтон.

Бидејќи немало предбрачен договор, тие одлучиле да го поделат имотот вреден повеќе од 130 милијарди. Американските медиуми пренесуваат дека Мелинда на тој начин ќе добие неверојатни 65 милијарди долари, а притоа ќе го задржи и презимето Гејтс.

Многу брзо откако беше објавена веста за разводот, во јавноста се појавија приказни дека Гејтс ја изневерувал својата сопруга и дека имало дури и случаи на сексуална злоупотреба во времето кога тој бил на чело на „Мајкрософт“. Така, британскиот „Дејли мејл“ објави дека проблемите во бракот настанале откако Мелинда Гејтс го прочитала писмото напишано од вработен во „Мајкрософт“ во 2019 година, во кое се наведува дека нејзиниот сопруг имал несоодветна врска со жена вработена во компанијата.

Гејтс е сменет во 2020 година од својата позиција член на управниот одбор на „Мајкрософт“, по истрагата за неговото однесување и аферата, која наводно завршила во „пријателски тон“.

Мелинда не побарала алиментација при разводот бидејќи на денот кога поднела барање за развод, добила акции во износ од две милијарди долари. Еден ден подоцна, поранешниот челник на „Мајкрософт“ на нејзиното портфолио додал и 25 милиони акции на мексиканска „Кока-Кола“.