Јотова: Не ја прикривајте писменоста создадена од Бугарите

Не треба да се прикрива фактот дека кирилицата е создадена од Бугарите, изјави потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, која на конференцијата Меѓународен кириличен форум истакна и дека е недозволиво да се менува историјата поради геополитички интереси.

– Ние му дадовме нешто на светот. Престанете да ја прикривате писменоста создадена од Бугарите – им се обрати Јотова на присутните на Форумот.

Јотова коментираше и за наставата на бугарскиот јазик во странство – на 39 катедри. За неа тоа е малку и побара од научниците на Форумот да ги анализираат причините и дополнително да ги развијат катедрите.

Таа ги нагласи и „перспективите за кирилицата во дигиталната ера и дали и се заканува изумирање“.

На форумот учествуваат познати бугарски научници од Австрија, Белгија, Германија, Грција, Италија, Литванија, Полска и Србија, како и бугарски средновековнисти.