Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, при посетата на Битола денеска кажа дека Северна Македонија треба час поскоро да биде дел од Европската Унија, но дека тоа ќе се случи само ако се решат правата на Бугарите во Северна Македонија.
„За Македонија да биде членка на ЕУ тоа се правата на Бугарите во Македонија. Права кои треба да се исполнат, за Северна Македонија да биде дел од ЕУ. Тоа е позицијата на Бугарија. Се радувам што сум тука и што сум дел од овој настан“, рече Јотова.
Истото мислење го дели и Теодора Генчовска, министер за надворешни работи на Бугарија.
„Како што беше кажано од премиерот и вицепремиерот, сите цели треба да бидат насочени кон правата на Бугарите на Македонија. Тоа ќе биде нашата основна цел, и се надевам со помошта на Собранието да бидат овозможени“, рече Генчовска.